Проектот “Новогодишна кошница” е акција која ќе се спроведува од страна на општествено одговорни компании (стопанските комори, производителите и дистрибутерите на прехранбени производи и пијалаци, трговци) во периодот од 15 декември до 15 јануари.
Интересот за приклучување во акцијата постојано расте, за до овој момент вклучени се 73 компании со 818 производи.
Листата на производи не е затворена и истата се дополнува со нови компании и производи на дневна основа.
Ги повикуваме сите заинтересирани компании и маркети да се приклучат на мерката и да ја покажат својата општествена одговорност, да понудат производи со намалени цени од најмалку 10 проценти и да им излезат во пресрет на граѓаните во текот на новогодишните празници.
Сите заинтересирани можат да се пријават на info@mojakosnica.mk